Поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема хафиз Шаќир еф. Фетаи, учествуваше два дена на лидерските средби што се одржаа во Давос, една од најважните глобални платформи за дискусија за политичките, економските и општествените процеси.
За време на ова учество, Фетари остварил средби со различни личности од политиката, економијата, академската заедница и меѓурелигискиот дијалог, разменувајќи мислења за улогата на верата и верските институции во зајакнувањето на јавната етика и општествената стабилност, соопшти ИВЗ.
-Во рамките на официјалната програма, тој беше панелист говорник на сесијата „Вера и лидерство во обединет свет“, каде што ја истакна улогата на верата и моралното лидерство во еден меѓусебно поврзан свет, со посебен акцент на етичката одговорност, дијалогот и мирното соживување, истовремено упатувајќи молитва за мир, разбирање и искрен дијалог меѓу народите, верите, државите и луѓето воопшто, како единствен пат за градење поправедна и похумана иднина, стои во соопштението на ИВЗ.
Поглаварот на ИВЗ бил придружуван од директорот на секторот за дијаспора, Мафиз Рустеми.

