Почетна На иста страна Поглаварите на црквите и верските заедници бараат крај на тензиите и решение на кризата
Поглаварите на црквите и верските заедници бараат крај на тензиите и решение на кризата

Поглаварите на црквите и верските заедници бараат крај на тензиите и решение на кризата

274
1

Петте уставни верски заедници повикуваат на смирување на состојбите и воздржување од дејствија кои можат да ја загрозат државата, но и безбедноста на сите, пренесува „Религија.мк“

PoglavariВо апелот потпишан од поглаварите на МПЦ, Архиепископот г.г. Стефан, на ИВЗ, ха.Сулејман еф. Реџепи, на Католичката црква, Бикупот и апостолски егзарх, Киро Стојанов, на Евангелско-методистичката црква, проповедник Михаил Цеков, како и на Еврејската заедница, Берта Романо Николиќ, стои дека оваа прилика е историска можност да се покаже дека навистина се сакаме заедничка Татковина – Република Македонија, без разлика на која национална и верска заедница се припаѓа.

-Треба да сфатиме дека вистинско заедничко живеење се постигнува единствено во мир, со почитување на различностите и на правата на секој поединец, без скратување и нарушување на правата и достоинството на другите. Затоа, како Цркви и верски заедници, апелираме за смирување на состојбите, за покажување на добра волја и разумност во одлуките и постапките; повикуваме на воздржување од дејства што можат да ја  загрозат државната, но и безбедноста на луѓето, на домовите, на семејствата и на сите нас, воопшто. Апелираме до политичарите и партиите да го покажат своето човекољубие и родољубие и во духот на почитувањето и толеранцијата да преземат заеднички и неодложни мерки, засновани врз легитимни државни и законски прописи, во надминувањето на искушенијата и опасностите што демнат, стои во апелот на црквите и верските заедници во Македонија.

-Само така, сплотени и единствени, достојно ќе покажеме пред целиот свет дека мултиетничкото и мултирелигиозното општество во кое живееме може да функционира и опстојува. Сето тоа веќе се потврдило во нашата заедничка историја. Затоа, и ние како генерација, да покажеме преку личниот пример и со своите дела, а за доброто на нашата Татковина, дека сме доследни и достојни  наследници на нашите претходни генерации, дека сме вистински верници и патриоти. Впрочем, единствено така ќе покажеме дека сме достојни и на родот и на верата на кои им припаѓаме!, порачуваат поглаварите на црквите и верските заедници во Македонија.

apel 2

Коментар(1)

  1. Нели г.г. Стефан бараше попис, како сега бара крај на тензиите?
    Од сите верски заедници само МПЦ залута во политика.
    Срамно, но вистинито!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *