По 18 години заврши судскиот сличај за хотелот на МПЦ-ОА Изгрев – судот не најде вина

Date:

Share post:

По 18 години години низ судските лавиринти, обвинетите во случајот ,,Изгрев” конечно ќе дочекаат и правосилна ослободителна пресуда, објави неделникот Фокус.

На јавната седница во Апелација, минатата недела,  Вишото јавно обвинителство побара да се одбие жалбата поднесена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое се жалеше на ослободителната првостепена пресуда.

ФОТО: Фукус

-Ова значи дека ,,Изгрев” заврши, чекаме само писмена потврда на одлуката на Кривичниот суд која што беше ослободителна, вели за ,,Фокус”, Горги Миладинов, кој беше еден од обвинетите.

Во одој судски случај, низ годините се свртеа неколку обвинители и судии. Прв беше Ѓоко Ристов, кој сега е предмет на кривичен процес. Тој тврдеше дека во случај „Изгрев“ биле перени пари.

Обвинетите по правосилноста ќе можат да бараат отштете, која според некои проценки би биле во милионска суми.

Случајот „Изгрев“ почна кон крајот на 2008 година, а во судница влезе во 2009 година, кога браќата Миладинови беа обвинети за финансиски малверзации и за манипулации со хотелот „Изгрев“ во Струга. За помагање беа обвинети неколкумина адвокати, судии и нотари.
Беа носени првостепени пресуди, кои се уриваа пред Апелацискиот суд. Од првичната осудителна, со високи затворски казни, низ годините случајот се разводнуваше, па сè подостижни беа ослободителните пресуди.

Неодамна, судијката Даниела Димовска на 70 странуци ја образложи ослободителната пресуда.
И судијката забележува дека судскиот процес траел премногу долго, поради што се создала правна несигурност. Или како што пишува судечката судијка, Судот, најпрво нашол за потребно, пред да образложи од кои причини е донесена ослободителната пресуда, да констатира дека предистражната и судската постапка се одвивале во непропорционално долг временски период, што ја нарушува целисходноста на постапката и може да се оценува како неразумно од аспект на правото на правично и ефикасно судење, пишува Фокус.

„Долготрајноста на постапката создава непотребна правна несигурност за обвинетите и го нарушува принципот на економичност и рационалност на судската постапка. Имено, оваа постапка само пред судовите трае 16 години, односно од 2009 до 2025 година, истата е водена според процесен закон според кој нема ограничување колку пати првостепената ќе биде укинувана од страна на повисокиот суд и враќање на постапката на почетокот, но, сепак, тоа не смее да создаде правна несигурност кај обвинетите толку долг период“, се наведува во пресудата.

Главниот заклучок во пресудата е дека обвинетите не можеле да се гонат за кривичното дело „перење пари“, бидејќи парите потекнувале од банкарски кредит, односно станувало збор за легални средства.

Браќата Миладинови и обвинетиот Димитрија Голабоски поминаа 642 дена во притвор. Уште пред една деценија, Судот за човекови права во Стразбур пресече дека обвинетите незаконски биле држани во притвор, додека им се судело во случајот „Изгрев“, за што им беше одреден и надомест од по 3.000 евра и 1.350 евра за судски трошоци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img