Европскиот митрополит г. Пимен смета дека МПЦ-ОА не треба да биде задоволна со половични решенија омколу нејзината автокефалност и дека дијалогот со Вселенската патријаршија за добивање на конечлен Томос за автокефалност нема да престане. Но, вели треба време за да од јавноста се подигнат „пердувите“ што некои владици ги расефлаа како магла, дека наводно Цариград има „непристојни предлози“.
-Ние им благодариме на СПЦ за пружената рака, за прекинот на изолацијата преку сè почестите сослужувања, за надминатите децениски недоразбирања и за писмената препорака до целиот православен свет да го прифати нашето афтокефално постоење, односно документот кој тие го нарекоа Томос. Но не треба тука да се застане. И покрај разногласието во Синодот на МПЦ- ОА, јас верувам дека до добивањето на конечниот Томос од Вселенската патријаршија никогаш нема да престане дијалогот со Цариград, бидејќи не би требало да бидеме задоволни со половични решенија. Но, ќе треба многу време за да се соберат сите расфрлени пердуви во јавноста за „непристојните предлози“ од страна на Цариград за крадење на дијаспората, за откажување од вековното име…, вели во интервју за дневниот весник Вечер, Европскиот Митрополит, г. Пимен. Владиката Пимен потсетува дека никогаш не е прекинат дијалогот со Вселенската патријаршија и дека тој нема да се прекине.
-Засега усно се спомнуваат 2-3 услова за доаѓање до конечно решение, кои ни оддалеку не се толку страшни како што некој ги пласира во јавноста и ги напумпа во обидите да се створи раскол и да се дискредитираат некои личности од МПЦ. Колку помалку теории на заговор за наше исчезнување, толку понестрашни клаузули и толку побрзо до конечен Томос, вели Владиката Пимен.
-Како го коментирате разногласието во Синодот, за блокот на владици кои сметаат дека Вселенската патријаршија не треба веќе да биде првопрестолна црква и да одлучува за автокефалност додека не се постигне сеправославна согласност?
Пимен: Верувам дека секој од нас кој го зел благиот Христов јарем на себе ѝ мисли добро на нашата црква на која сме и се заколнале пред Бога дека верно ќе ѝ служиме и ќе ја чуваме. Уште верувам дека секој од нас, членовите на светиот архиерејски Синод, од сè срце се моли судирот во концептите за доаѓање до конечно решение да не стане судир на личности или, пак, како архијереи да станеме заробеници на суети, та проблемот да расне наместо да исчезне. Како очекуваме црквите низ светот да имаат единствен став за сеправославна согласност ако ние внатрешно ја немаме? Ќе ја префрламе ли вината во туѓ двор и ќе ја ишкаме одговорноста од нас? Речено е, по љубовта меѓу себе ќе нè познаат дека сме Христови ученици, и во тоа препознавање во љубов ќе бидеме прифатени во сеправославниот собор. Сепак сè од нас зависи, вели отец Пимен во интервју за Вечер.
Европскиот Митрополит одговара и на прашања поврзани со активностите на дел од членовите на Синодот на МПЦ-ОА, Љупчо Палевски Палчо, потсетувајќи дека тој уште во деведсетите ја напаѓаше црквата и монасите преку неговите медиуми.
-Нека е вечен споменот на Вања и Панче и нека Господ Бог ги насели нивните души во Царството небесно, а на оној или оние кои со својот непромислен потег ја потресоа јавноста, оставајќи нè сите во чудење какви нелуѓе живееле меѓу нас до пред само еден месец, нека им дарува покајание, на родителите и роднините утеха, а нам како нација разум за ова да биде пример од кој треба да се згрозиме, та никогаш веќе да не се повтори. Нападите од првооомничениот кон монаштвото датираат уште од пред повеќе од 25 години кога го отвори неделникот „Старт“. И минуваа години во кои сме се сретнувале со него и со некои од тамошните новинари и сме се обидувале да се објасниме дека не сме зло на веков какво што сака да нè продаде на светот преку неговиот медиум. Ние го сведочевме нашето смирение и незлобие преку тој личен контакт за да го одвратиме од намерата за негативна кампања против нас. И успевавме на моменти и на подолг временски период да ги закопаме секирите. И ден-денес имаме контакти со новинари од тоа време кои од наши критичари денес се наши драги пријатели.
За жал, некои луѓе, како Љупчо, никогаш не се смирија до крај. Плод на тоа беше повампирената кампања против неколкумина архијереи, но и монаси и свештеници во годинава која е зад нас. Кампања која ни ја расипуваше Воскресенската радост кога моравме да се објаснуваме со исфанатизирани луѓе дека не може некој лидер на партија и сопственик на поткаст кој патем никогаш не ни влегол во црква, Црквата да ја љуби и чува повеќе од нас кои сме се заветиле пред Бога и народот дека ќе и служиме со целиот наш живот. Сепак, во моменти кога е затворен и кога против него се води постапка, да истурам бес на него и да ликувам во разговорите со оние луѓе со кои морав да се објаснувам за декларацијата со: ете видовте колку бев во право за Љупчо, ми личи како вадење кубура на мртов волк, вели во интервјуто за Вечер, отец Пимен.
Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.
/foto: Дневен весник Вечер


Ne vi treba drug tomos, dovolen vie ovoj Srpskiot, iako e falš, lažen, carigradskiot vi e nepotreben.
Епископот е монах кој има можност да се движи меѓу мирјаните, меѓу другото и обврска да го уредува и организира и нивниот личен и соборен духовен подвиг (не нивниот политички пат во општеството – ретки се монасите и епископите во историјата на Црквата кои успеале да остварат значајни непосредни благотворни влијанија во политичките елити на општествата во кои живееле странствувајќи, многу ретки). Но колку и на кој начин, во колкава мера ќе се зближува со нив од различни побуди, одлучува самиот. Во ниеден миг не смее да заборави дека “Синовите на овој свет во својот род се подосетливи од синовите на светлината” (Лука 16, 8), за да не биде преведен жеден преку вода, како што за жал често и бива. Тапкањето по рамо и лажните ласки (особено на личности кои од некој аспект отскокнуваат со интелигенцијата, наобразбата, дарбите, успесите во професијата, или во разни облици на економска или политичка моќ), наводната или искрена желба на тие луѓе да зачекорат по Христовиот пат, сето тоа е своевидна стапица за неговиот монашки габарит. (Епископот не е само монах, но во основата мора да остане силен монах, тоа е духовниот темел на неговиот епископски подвиг). Колку ќе биде длабока и искрена верата на тие “духовни чеда” од елитните општествени кругови и во колку специфични околности се одвива нивното духовно раѓање, кое честопати се покажува неодржливо и неистрајно, е сосем друга тема. Се разбира, колку Епископот има сила да го сочува својот внатрешен подвиг недопрен во едно светско опкружување е прашање на будноста на неговиот ум над себеси. Трезвеноста да не подлегне на можниот мит за неговата просветленост којшто неговите следбеници го градат за него, туку да се вдлабочува во својот подвиг на покајание не обѕирајќи се на светската слава која редовно е измамлива и празна – таа трезвеност е насушна за квалитетот на неговиот подвиг (кој впрочем и на рамниште на појавноста носи раздавање на благодатта и на разни облици Божествена милост). Тој секогаш го има полното право да држи растојание од се’ и секого за да ја чува и зајакнува својата духовна тврдина (крепост). Мора да внимава да не стане алатка на ниедна световна или политичка или друга струја (колку и праведни да му изгледаат нејзините цели), зашто во тој случај ќе се самоукине себеси. Значи говориме за ‘алатка’, не за духовен корифеј. Духовниот корифеј има самовласност со која ги преобразува луѓето што му пристапуваат или се негово опкружување, не го преобразуваат тие него (на пример во поборник за некоја политичка кауза или мајстор на игри за менување политички гарнитури на власт кои претходно всушност учтиво “го купиле” како донатори, приложници, помошници). Тој може да биде патриот, но за неговиот патриотизам располага со духовни начини на дејствување, кои не се голи политички памфлети, анализи, мисли-крилатици со кои ги храни своите следбеници. Има една добра традиција кај нас во Православието: Епископот е поим за мудрец. Во него гледаат икона Христова. Од него се очекува совршенство. Воздржливост. Просветленост. Ние паметиме дека и големи Светители доживеале да бидат измамени заради нивната монашка простодушност, но претежно во прилики од лични размери. И не се срамеле да го признаат тоа и да го припишат на фактот на својата простодушност и несовршеност (смиреноумието изгледа така, не подразбира релативизирање на својот пад: не се каам за ова, не се каам за она, сум направил доволно добри дела итн. Ако се работи за еден вид медиумски маневар и донекаде, ама ако искрено се теши човек со таа мисла… ). Имено, секое промашување на заедницата со Бога е грев. И незнаењето се разбира е грев, отсуство на просветленост во еден миг или период, или генерален недостаток на благодат во сразмерност со искушенијата (или уште полошо: недостаток на свест дека сме до гуша во кал, за што никој нема да не’ осуди освен нашиот критериум за автентичен личен духовен раст). И така, гревот на измамникот е еден, а гревот на измамениот друг. Нели, подвижникот не е човек без грев, туку човек со мнгоу длабока, напредувачка свест за својата грешност? Да си просветлен значи да го гледаш јасно секој свој грев и пад, со што придобиваш се разбира нова светлина за појасно да гледаш, подобро да играш, во иднина помалку да грешиш, та да стекнеш творечки (чист) ум. Творечкиот ум (на подвижникот) има власт неподвижниот подвижник од местото на неговата келија, без никаде да шета, да го направи рецолуционер од неверојатни размери на разни рамништа (господар на светот). Без никому ништо да каже, без да држи говори, да наговара и анализира политички ситуации. Не бадијала Старците од првите векови на монаштвото одбивале дури и да се видат со големците, па и со царевите. Паметите како Свети Антониј, на покана од царот Теодосиј да го посети во дворецот, двоумејќи се го прашал својот соподвижник “Да одам ли?”. На што добил одговор: “Ако отидеш ќе бидеш Антониј, ако не отидеш ќе бидеш авва Антониј.” Дури и средбите на јуродивите со христољубивите цареви довеле до страшни последици (веројатно ја паметите легендарната посета на Св. Цар Николај Романов на Пелагија Ивановна во Дивјеево, ако веќе е контроверзно да говориме за влијанието на монахот Распутин врз распадот на Царска Русија и последователниот долг период на прогонства на христијаните и насилниот атеизам). Значи, еден монах има начини и начини преку личниот духовен подвиг во својата тајна одаја на срцето да учествува ефикасно во спасувањето на Татковината од разните деструктивни сили (откако вистински ќе ги распознае, па дури и без да размислува кои се тие сили) и јас не се сомневам дека Владиката Пимен има капацитет да ги пронајде. Инаку, секој надворешен обид да се дејствува за монахот е благо кажано безвластен, па и со наполно спротивни ефекти.