Петар служеше во храмови на Српската и Антиохиската црква во Австралија

Date:

Share post:

Антиохиската Архиепископија за Австралија и Српската митрополија во Австралија, биле двете цркви што владиката Петар ги посетил и служел во нив за време на неговата посета на Австралија.

Владиката Петар ја посетил црквата Свети Никола“ во Бенгстаун, Сиднеј, под јуриздикција на Антиохиската патријаршија и служел вечерна богослужба на 14 јануари.

Во оваа црква свештеник е и едем Македонец, Митко Мачевским кој заедно со надлежниот  Архиепископот г. Василиј му биле домаќини.

-Архиепископот Василиј, протојереј Митко Мачевски и останатите свештенослужители од Антиохиската Црква како и верниците му посакаа топло добредојде на Митрополитот Петар и му го честитаа јубилејот 30 години архијереј во Австралија и Нов Зеланд, а сите заедно благочестиво Му се помолија на Господа Спасителот Исуса Христа, велат од епархијата.

Истиот ден утрото, пак владиката Петар, на покана од Митрополитот Австралиски Силуан од Српската Православна Црква, сослужувал во Соборниот храм на Светиот великомаченик Георгиј во Кабрамата.

-Во завршниот дел од светата Литургија, архијереите разменија меѓусебни поздравни зборови и потсетија на радосниот настан на помирувањето кој ја зацврсти меѓусебната братска христијанска љубов, заедничката молитва, а исто така ја зајакна црковната мисија, особено во дијаспората, велат од епархијата.

Од таму додаваат дека по Литургијата, на празнична трпеза се пееле црковни и пригодни празнични песни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img