Папата Лав XIV се сретнал со Зеленски

Date:

Share post:

Во својата резиденција, Папата Лав XIV го пречекал претседателот на Украина, Володимир Зелински на официјална аудиенција, соопшти Ватикан.

Разговорот се фокусирал пред сè на војната во Украина, состојбата со заробените и на потребата децата од Украина, присилно одведени од Русија, да се вратат кај своите семејства. Папата изразил „итна надеж“ дека дипломатските иницијативи што се во тек ќе доведат до „праведен и траен мир“.

Зеленски искажал благодарност до Ватикан за постојаната поддршка и молитвите „за украинскиот народ“, и ја нагласил важноста за враќањето на одведените деца и на осигурување правда за жртвите на конфликтот.

По средбата, Папата оценил дека Европа мора да е дел од каков било мировен договор, поради историското, географското и безбедносното значење на конфликтот.

Ватикан на овој начин ја потврдил својата улога како меѓународен актер насочен кон дијалог, хуманитарна помош и помирување — истовремено испраќајќи силен дипломатски сигнал за важноста на соработката меѓу Европа, Украина и глобалната заедница во потрагата по мир.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img