Почетна Вести Свет Папа Франциск: Сириската граѓанска војна една од најлошите хуманитарни кризи
Папа Франциск: Сириската граѓанска војна една од најлошите хуманитарни кризи

Папа Франциск: Сириската граѓанска војна една од најлошите хуманитарни кризи

122
0

Папата Франциск изјави денеска дека граѓанската војна во Сирија е една од најлошите хуманитарни кризи на денешнината, истакнувајќи дека 10-годишнината од нејзиното избивање треба да ги поттикне сите да побараат малку надеж за оваа земја.

– Го повторувам својот искрен апел за да можат сите страни во судирот да покажат знак на добра волја и да може да му се укаже малку надеж на исцрпеното население, истакна папата за време на неделната молитва на Плоштадот Свети Петар.

Во Сирија се случи секаков вид на насилство и огромно страдање на населението, особено на најзагрозените, како што се децата, жените и возрасните, истакна поглаварот на Римокатоличката црква, кој минатиот понеделник се врати од Ирак.

Тој, исто така, ја повика меѓународната заедница одлучно да се посвети на прекин на војната и да помогне во обновата и економското закрепнување на земјата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *