Премиерката на Викторија (Австралија), Џасинта Ален, организираше свечена вечера со претставници на христијанските и верските заедници во државата Викторија.
На настанот, од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија беа поканети и учествуваа отец Гаврил и јерејот Климент Станковски, како единствени поканети претставници од македонската православна заедница.
Средбата претставуваше можност за афирмација на духовните вредности, меѓусебното почитување и значајниот придонес што верските заедници го имаат во општествениот живот на Австралија.
-Во име на Македонската православна заедница, преставниците изразија искрена благодарност до Владата на Викторија и до премиерката Џасинта Ален за покажаната почит, вниманието и препознавањето на улогата што македонската заедница ја има во мултикултурното австралиско општество. Оваа покана и присуство претставуваат уште едно сведоштво за видливоста и почитта што македонската православна заедница ја ужива во австралиското општество.Ваквите средби се сведоштво дека верата, дијалогот и заедничките вредности продолжуваат да бидат мост на единство, разбирање и соработка меѓу народите и заедниците. Бог нека дарува мир, мудрост и благослов на сите луѓе со добра волја, стои во соопштението од Австралиско-сиднејската епархија.

