Почетна Вести Свет Основана е фондација за Вселенскиот патријарх Вартоломеј
Основана е фондација за Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Основана е фондација за Вселенскиот патријарх Вартоломеј

229
0

На покана и на иницијатива на Неговата Светост, Американскиот Архиепископ Елпидофор, на 5 април 2021 година, Антониј Ј. Лимберакис – национален директор на редот на Светиот Апостол Андреј, архонт на Вселенскиот Патријарх и член на одборот довереници на Неговата Сесветост, понуди вдахновена и информативна презентација пред Синодот на епархијата во врска со засновање на фондација за Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

На презентацијата беа присутни Американскиот Архиепископ Елпидофор, Нивните Преосвештенства, митрополит Методиј Бостонски, Митрополит Исаиј Денверски, Митрополит Алексиј од Атланта, Митрополит Николај Детроитски, Митрополит Сава од Питсбург, Митрополит Герасим од Сан Франциско и Митрополит Натанаил од Чикаго.

По оваа исцрпна презентација од страна на редот на Светиот Андреј, присутните пристапија кон основање на фондација за Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за да му се обезбеди економска независност на Вселенскиот Патријарх и да му се овозможи спокојно и навремено да ги исполнува своите апостолски должности.

Д-р Лимберакис го извести Синодот дека досега се собрани 6 милиони долари, како и тоа дека уште 40 православни верници изразиле желба да станат основачки членови, вложувајќи секој по 100 илјади долари.

Д-р Лимберакис потоа ги покани сите митрополити да се приклучат на фондацијата за на тој начин фондацијата на Вселенскиот Патријарх да стекне дополнителен милион долари од фондацијата на Ана К. Бурас. Имено тој додаде дека со напорите на Архондот Теодор Бонзелис, фондацијата на Ана К. Боурас ќе парира со еден милион долари доколку се вклучат митрополитите од Американската архиепископија.

Д-р Лимберакис им објасни дека ако сите 8 митрополии донираат по 100 илјади долари за да станат членови на фондацијата на Вселенскиот Патријарх, Боурас фондацијата ќе ја надополни нивната донација со 1 милион долари. Презентацијата беше многу добро примена и фондацијата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј го доби благословот на Синодот.

Оваа фондација е непрофитабилна добротворна организација.

Претходно, во своето интервју за весникот ,,Катимерини‘‘, американскиот Архиепископ Елпидофор изјави дека поддршката на претседателот Бајден за религиозните слободи е автентична.

,,Претседателот Бајден има вистинска почит за религиозните права. Неговата религиозна поддршка е вистинита а не само за лице пред јавноста.‘‘ изјави американскиот Архиепископ откривајќи му на новинарот дека наскоро, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ќе ја посети Белата Куќа.

Во продолжение, Архиепископот ја повика Турција да ја преиспита својата одлука за Света Софија, истакнувајќи дека: ,,нивната употреба на ова недопустиво право, како што тие велат, на освојувачот, припаѓа на минатите векови‘‘. На крај, тој со загриженост истакна дека можеби ,,Турција се враќа на своето отоманско минато, на преддемократска Турција‘‘.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *