Почетна Политичка теологија Конгресот на САД ја повикува Турција на одговорност за Вселенската патријаршија
Конгресот на САД ја повикува Турција на одговорност за Вселенската патријаршија

Конгресот на САД ја повикува Турција на одговорност за Вселенската патријаршија

249
0

Законска иницијатива што бара одговорност од Турција за кршење на верските слободи на Вселенската патријаршија, на православните христијани и на другите верски малцинства, беше претставена во петокот во Конгресот на САД. Конгресменката Каролин Б. Мелони (Д-НЅ), ко-основач и копретседавач на Конгресната група за грчки прашања и конгресменот Гас М. Билиракис (Р-ФЛ), копретседавач на Конгресната група за грчки прашања, го претставија двостраниот Акт за верска слобода од 2021 година на Турција и Вселенската патријаршија.

„Соединетите држави мора да ја поддржат нашата заложба за одбрана на верската слобода во странство, со тоа што ќе ја повикаат Турција на одговорност за кршењето на верските слободи на Вселенската патријаршија, на православните христијани и на другите верски малцинства“, рече конгресменката Мелони.

„Актот за верска слобода на Турција и Вселенската патријаршија од 2021 година ќе направи значителен притисок врз Турција, за да престане да ги крши верските слободи на Вселенската патријаршија. Без опипливи реперкусии од страна Соединетите држави, претседателот Ердоган ќе продолжи да работи неказнето и Турција ќе ја продолжи својата кампања за верска дискриминација врз православните христијани, Вселенската патријаршија и другите верски малцинства “, додаде таа.

Мелони, исто така, ја повика Турција да ја отвори семинаријата во Халки.

„Соединетите држави мора да останат доследни на спроведувањето на очекувањата за споделени демократски вредности од нашите таканаречени сојузници, вклучително и демонстрација на конзистентно почитување на верската слобода“, рече конгресменот Билиракис.

„Ќе продолжам да им се придружувам на моите колеги и да зборувам во име на оние чии гласови се замолкнати, сè до денот кога ќе се исправи оваа неправда“, додаде тој.

Грчко-американски организации како што се Американскиот грчки институт (АХИ), АХЕРА и Грчко-американскиот совет за лидерство, соработуваа со Мелони и Билиракис за оваа резолуција.

„Турција постојано ги потиснува верската слобода и човековите права на своите малцински популации, без притоа да биде казнета. Актот за верска слобода на Турција и Вселенската патријаршија од 2021 година е важно двострано законодавство што предвидува одговорност за Турција за нејзината нетолеранција и ужасните сведоштва во однос религиозните слободи“, рече врховниот претседател на АХЕПА, Џорџ Хориатес.

„Конгресменката Мелони одамна призна дека угнетувањето врз Вселенската патријаршија од страна на Турција го загрозува самото постоење на христијанството, и во Турција и на Блискиот Исток пошироко. Администрацијата на Бајден треба да го следи принципиелниот став на конгресменката Мелони во врска со ова прашање“.

„Претседателот Бајден, кој исто така има сериозни забелешки во врска со верската слобода на Вселенската патријаршија, треба да се надоврзе на преседанот со случајот на Пасторот Брунсон и да ѝ стави до знаење на Анкара дека ќе сноси последици за нејзиното континуирано угнетување на христијанските малцинства“, рече Енди Земенидес, извршен директор на Грчко-американскиот совет за лидерство.

Резолуцијата: Закон за верска слобода на Турција и Вселенската патријаршија од 2021 година

Иако Уставот на Турција предвидува слобода на вероисповед, претседателот Ердоган и неговата влада продолжуваат да ги кршат верските слободи на православните христијани, вклучувајќи ја и Вселенската патријаршија и нејзиниот духовен водач Вартоломеј Први, кој претставува повеќе од 300 милиони православни христијани ширум светот. Меѓународниот акт за верска слобода од 1998 година (ИРФА) ја зацврсти меѓународната религиозна слобода како приоритет на надворешната политика на САД и ја формираше Комисијата на САД за меѓународна верска слобода (УСЦИРФ), која ги следи и вади годишни извештаи за условите за верска слобода во странски земји. Во својот Годишен извештај за 2021 година, УСЦИРФ изјави дека „верската слобода во Турција се движи по вознемирувачка траекторија“ и препорача Турција да биде вклучена во Специјалниот список за надгледување „за вклученост или толерирање на сериозни повреди на верската слобода“, истата препорака како и во 2020 година

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *