Верски календар: 4 Август
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Иван Марија Вианеу.
Бил роден во 1786 година, за време на француската револуција, во Дардилија во близина на Лион. Завршил филозофски и теолошки студии, а во 1815 година станал свештеник. Управувал со една жупа во селото Арс, во бискупијата Белеј каде проповедувал и им помагал на сиромашните. Покајниците ги слушале неговите совети. Умрел во 1859 година.

