Од гостиварско на аџилак заминаа 169 лица

Date:

Share post:

На аџилак од гостиварско тргнаа 169 лица. Тие утрово по верската церемонија во медресата „Иса Беј”, беа испратени за скопскиот аеродром од каде ќе заминат за Саудиска Арабија. На поклоничкото патување заминаа и педесетина жени. Годинава, најмладиот е 34-годишен, а најстариот има 85 години.

По завршените подготовки за патувањето преку гостиварската муфтинија, беа обезбедени сите документи за виза, престој и авионски билети.

Во меѓувреме, идните аџии ги примија вакцините и препораки за заштита против заразни болести кои ги има во земјите во кои ќе престојуваат.

Во наредните 27 денови идните аџии ќе посетат повеќе свети места за муслиманите, како Мека и Медина. На патот, тие ќе бидат придружувани од лекари и теолози.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img