Почетна Вести Христијанство Голем Крчин и годинава ги чека монасите и верниците за утринска литургија
Голем Крчин и годинава ги чека монасите и верниците за утринска литургија

Голем Крчин и годинава ги чека монасите и верниците за утринска литургија

248
0

Бигорската и Рајчичката Обител и оваа година го организраат најатрактивното искачување на врвот Голем Крчин, каде секога година се служи утринска литургија. Традицијата што ја почнаа монасите и монахињите станува еден од најомилените настани, кој од година во година привлекува сѐ поголем број љубители на планините.

-Исто како и минатата година, наша цел е на врвот на Голем Крчин рано наутро да отслужиме Света Литургија и да се обидеме да ги видиме висините низ една друга перспектива. Оваа година повторно, заради обезбедување на групата, ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид. Меѓу другото, сите планинарски и алпинистички клубови кои ќе земат учество, доколку сакаат, можат да го помогнат настанот со тоа што ќе пријават и лиценцирани планинарски водичи, со официјално призната лиценца од МАИВП или ФПСМ. Координатор меѓу сите водичи ќе биде лице од манастирот. Патеката е со средна тежина и трае околу 4 часа. Попатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква. Пријавувањето за учество е задолжително, велат од Бигорски.

Време на собирање/поаѓање е 18 август 2019 (недела), 02:30 – 03:00 часот. Пристигнување на врвот во утринските часови. Место на собирање е пред поранешната караула во село Битуше, односно од пред скитот во изградба, посветен на Свв. Кирил и Методиј. Враќањето е организирано поаѓање од врвот Голем Крчин веднаш после завршувањето на богослужбата.

-Ги замолуваме сите учесници да присуствуваат на заедничкиот манастирски ручек во Бигорскиот манастир, кој ќе биде послужен околу 13 ч. Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведениот настан е организиран и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред почетокот на настанот, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвиденото патување. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување. Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на настанот во зависност од временските услови и останатите технички препреки, велат од Бигорски.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *