Почетна Вести Европа Нов судир околу финансиите во Ватикан
Нов судир околу финансиите во Ватикан

Нов судир околу финансиите во Ватикан

128
0

Главниот ревизор на Ватикан Либеро Милоне поднел оставка, соопшти Ватикан.

Во соопштението се наведува дека Милоне понудил оставка и дека Папата Франциск ја прифатил, но не е дадено образложение.

Ватикан веќе со години се обидува да ги доведе во ред своите финансии.

Милоне и шефот на финансии на Ватикан, кардиналот Џорџ Пел се судрија со ватиканската бирократија околу ревизорските прашања, посебно со канцеларијата задолжена за црковен имот на Ватикан.

Најновиот инцидент бил спор околу улогата на надворешните ревизорски куќи Прајсвотерхаус Куперс(PricewaterhouseCoopers).

Оставката на Милоне веројатно ќе биде уште еден удар за Пел, чиј некогаш широк мандат да ги надгледува финансиите на Ватикан често се намалува.

/ФАКТОР.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *