Германски амбасадор: На католичкиот бискуп во Кина да му се овозможи слободно движење

Date:

Share post:

Германскиот амбасадор во Кина Михаел Клаус ги повика денеска кинеските власти да дозволат слободно движење на католичкиот бискуп Шао Џумин.

Амбасадорот во соопштение наведува дека властите очигледно бискупот го присилувале четири пати да се преселува на непознати локации во изминатата година. Засега нема потврда дали Шао, кого го признава ромокатоличкиот поглавар, но не и официјален Пекинг, е во домашен притвор.

– Треба да му се овозможи слобода на движење, се вели во соопштение од германската Амбасада.

Ватикан лани го постави Шао Џумин за бискуп во источниот град Венџоу каде живее голема христијанска заедница.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img