Почетна Вести Христијанство Нема забрана за снимање во црквите во Скопје, снимањето на причест без согласност на верникот не е етичко
Нема забрана за снимање во црквите во Скопје, снимањето на причест без согласност на верникот не е етичко

Нема забрана за снимање во црквите во Скопје, снимањето на причест без согласност на верникот не е етичко

338
0

Од утрово дел новинари, сниматели, фоторепортери реагираат дека во црквите на Скопската епархија има забрана за снимање и за фотографирање за време на велигденските празници. На некои новинарски екипим им било укажувано дека забраната е од утрово, но без детално образложение за што станува збор.

Религија.мк, побара став од Скопската епархија за што станува збор и поради кои причини има ваква забрана, ако се знае дека овие денови Велигденските празнувања се централна тема во медиумите и никогаш немало забрана за снимање и фотографирање.

Одговорот од епархијата е дека нема никаква забрана за снимање во и надвор од црквите, ниту пак има забрана за снимање за време на литургиите.

Скопската епархија им препорачала на свештениците да ги предупредат новинарските екипи едниствено да не го снимаат чинот на причестување на верниците без согласност на самиот верник кој се причестува, бидејќи станува збор за интимен чин на секој поединец.

Оваа одлука е резултат на барање на голем број верници, кои во масовните коментари на социјалните мрежи и медиумите препознале загрозување на своето право на вероисповест и можности за јавни осуди и поврада на своите човекови и верски права.

Од Скопската епархија велат дека со оваа одлука не се загрозува слободата на известување, а од друга страна се чува достоинството на верниците како поединци.

Новинарските екипи ако сакаат да снимаат света причест, тоа можат да го направат за време на литургијата, кога свештенството се причестува на истиот начин како и верниците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *