Мустафа Цериќ: Автокефалната „Босанска православна црква“ на територијата на СПЦ не е провокација, туку историска нужност

Date:

Share post:

Поранешниот поглавар на Исламската верска заедница во Босна и Херцеговина, Мустафа Цериќ, предизвика силно внимание во јавноста, отворајќи ја темата за можноста од обнова на автокефална „Босанска православна црква“.

Во текст објавен под наслов „Босански глас дана“, Цериќ аргументира дека идејата за автокефална босанска православна црква не претставува провокација, ниту имитација на други модели, туку легитимен израз на историскиот и духовниот континуитет на Босна и Херцеговина.

Според него, Босна низ историјата не била периферија на туѓи империјални и црковни центри, туку посебна политичка и духовна целина со сопствен идентитет. Цериќ потсетува на постоењето на средновековната Босанска црква, која ја опишува како единствена појава во европски рамки, длабоко вкоренета во босанската земја, народ и државност. Таа, според неговите зборови, не била само верска институција, туку и одраз на политичката самосвест на Босна, со сопствен поредок и сопствен поглед кон духовноста.

Во статусот се нагласува дека автокефалноста не значи разградување или негирање на православието, туку негово втемелување во босанскиот историски и културен простор.

-„Автокефалноста не е чин на раздвижување на поделби, туку чин на одговорност“, наведува Цериќ, додавајќи дека ваквата црква би била за Босна, за нејзината сувереност, мир и достоинството на православните верници кои ја чувствуваат како своја татковина.

Особено внимание привлекува симболиката што Цериќ ја врзува за 9 јануари, датум кој денес често се поврзува со политички тензии затоа што овој дена во Република Српска се одбележув како државен празник. Тој предлага овој ден да се преосмисли како ден на благослов, духовна зрелост и историска одговорност, наместо симбол на поделби.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img