Почетна Вести Христијанство МПЦ-ОА доби уште една црква во Италија
МПЦ-ОА доби уште една црква во Италија

МПЦ-ОА доби уште една црква во Италија

222
0

Св. Прохор Пчињски  е името на новиот храм на МПЦ-ОА во Пјаченца Италија. Станува збор за објакт кој Европската епархија со коај раководи митрополитот Пимен и тамошните верници го купиле од Католичката црква.

Денеска во него била отслужена литургија и за прв пат организирана славата во чест на Светиот Прохор Пчински. Објектот наскоро треба да го добиле ликот на православен храм со негово доуредување.

Веста ја објави надлежниот митрополит г. Пимен на својата фејсбук страница.

-Прва слава во новокупениот храм на МПЦ. Слава Му на Бога што нѐ собра денес во Негово име. Сполај му на сите што нѐ удостоија со своето присуство.

Од Амбасадорката од Ватикан г-ѓа Ефремова, до Конзулот Витанов од Местре, свештениците од Италија и Словенија, гостите од соседната општина од Неиве, неколку стотини домаќини од Пјаченца, вредните кувари и послужувачи…

Дождот смени планови, но кога се има свој дом има место за се

И наместо уште илјадници зборови, неколку слики, напиша г. Пимен.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *