
Милошоски: Важна одлука што обезбедува идентитетски континуитет
194
2
Одлуката на Вселенската Патријаршија за признавање на Охридската Архиепископија за канонска е многу важна за нашата Македонска Православна Црква и македонскиот идентитет.
По оваа одлука МПЦ-ОА станува дел од големото православно семејство, со свој признат духовен Отец, независна и рамноправна на другите.
Честитки за мудроста на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, како и сите останати владици, монаштвото и црковното свештенство, кои на овој начин обезбедија континуитет на Македонија во православниот свет како важен дел на идентитетот и посебноста на македонскиот народ.
ДОСТОЕН!
Пишува: Антонио Милошоски (Фејсбук статус)
Конечно, Македонија е грчка.
конечно, Македонија е Божја…