Почетна Вести Регион Маж од Грција го тужи духовникот за смртта на своите мајка и сестра
Маж од Грција го тужи духовникот за смртта на своите мајка и сестра

Маж од Грција го тужи духовникот за смртта на своите мајка и сестра

393
0

Мајка и ќерка од едно село во Иматија, Грција, починале од компликации од коронавирус, со разлика од неколку недели. Несреќните жени му верувале на својот духовник, кој бил против вакцините, како што објавува синот на 60-годишната, говорејќи за АНТ1.

Георгиос Диамантидис карактеристично вели: „Веќе една година се обидував да ја убедам мајка ми да се вакцинира, но таа на почетокот се плашеше. Се советуваше со духовникот кој ѝ рече: ‘Чедо, не го прави тоа, нема потреба… Има Бог, ако се случи нешто, свети Лука ќе дојде да ти помогне“.

Голем дел од жителите на Зервохори не се вакцинирани и покрај тоа што многу од селаните ја изгубија битката за животот.

Дијамантидис објави дека ќе поднесе тужба против духовникот, кој е идентификуван како јеромонах Филотеос Пападопулос, игумен на манастирот Преображение во село Марина, епархија Воденска и Мегленска.

/Прото тема

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *