Почетна Вести Христијанство Марјан Ѓуровски: Отвореното македонско црковно прашање ги обременува македонско-српските односи
Марјан Ѓуровски: Отвореното македонско црковно прашање ги обременува македонско-српските односи

Марјан Ѓуровски: Отвореното македонско црковно прашање ги обременува македонско-српските односи

302
3

-Генерално освен проблемот со непризнавањето на МПЦ од страна на СПЦ и делумно нашиот однос со Косово, помеѓу двете земји нема отворени прашања и несогласувања меѓу Белград и Србија, напротив има голема зближеност на граѓаните. Македонското црковно прашање е кнедла во грлото на македонско српските односи, изјавил професорот Марјан Ѓуровски, на коференцијата „Северна Македонија и Србија: европските и регионални безбедносни аспекти на билатералните односи на Северна низ призмата на безбедносна архитектура на Југоисточна Европа” што се одржи на 19 октомври, во координација на Германската фондација Конрад Аденауер и Центарот за надворешна политика од Белград.

Со соговорниците од Македонија и Србија, се дебатираа и анализираа односите меѓу овие две земји преку анализи и размена на идеи за идниот развој на билатералните односи во контекст на европските интеграции и безбедносните аспекти на Македонија и Србија.

-Имајќи ја во предвид позицијата на српскиот претседател Александар Вучиќ и влијанието врз Српската патријаршија, може овој црковен спор преку политичко влијание на Вучиќ да се реши по пат на потикнување на дијалог и прифаќање на македонската црковна афтокефалност како непобитен факт и дел од секојдневниот православен свет како жива црква. Вселенскиот патријарх Вартоломеј побара став од СПЦ и сега треба да се искористи времето за решавање на црковниот спор. Верувам дека враќањето и прифаќањето во редовите на МПЦ на владиката Јован Вранишковски е еден од првите чекори на заедничко прифатливо решение, вели професорот Ѓуровски.

Според него најмоќната земја во Западниот Балкан, Србија, е во преговори се ЕУ, но нема намера да стане членка на НАТО затоа што се смета за неутрална, а перманентно се наоружува повеќе од Исток, Русија, отколку од Запад.

-Ова недефинирана позиција ги држи во латентна неизвесност што сама по себе значи ризик. Отсуството на Србија од овој концепт, преку одбивањето да биде членка на НАТО, но и преку перманентно оставање на вратата отворена спрема Русија и НР Кина, иако формално ги има започнато преговорите со ЕУ, го става во знак прашање европскиот концепт за безбедноста на регионот. Вториот предизвик е како овие земји ќе се справат со надворешните центри на влијание, кои имаат тенденции да го пополнат празниот простор кој се создава, вели  универзитетскиот професор Ѓуровски.

Коментар(3)

  1. Za SPC Makedonskoto crkovno prasanje e reseno. Vo Makedonija stoluva kako prvopretstojatel avtonomen arhiepiskopot Jovan. Vucic ne smee I ne saka I ne moze nisto na patrijarhot da sugerira po toa prasanje. MPC namerno ispusti, izbegna dvapati da se resi toa prasanje. Prvpat Mihail Gogov izbegna sredba so patrijarhot Pavle koj dva – tri meseci pripremase delegacija za pregovori da bi se resilo toa prasanje. Vtorpat delegacija ta na MPC vo Nis potisa pa porekna deka potpisala. Posle Niskiot dogovor e introniziran Jovan. Potoa Jovan e progonuvan I zatvora vo Idrizovskta kazamata. Mekedonija go prizna Kosovo, se sluci potpis vo UNESKO, brisenje na freskite po stpskite manastiri vo Makedonija, molba za majka crkva do bugarska crkva, do fanariotot Vartolomej. Posle seto toa, zarem ima nekoj obraz da se obratil do SPC.

  2. Bas bi bilo INTERESNO sto ce kaze ovoj Marjan Djurovski, kako laik koj nema vrska za crkovnata problematiku, za ovie fakti sto gi naveduvam.

  3. Zarem ima prostor za baranje za nekavo si priznavanje na MPC od strana na SPC, koga MPC, so pomos na drzavnite vlasti, ja progonuva SPC, ja negira I prisvojuva Srpskata duhovna bastina, i se sto e srpsko, od Makedonija i vrz seto toa najposle bara priznavanje. Prosto covek da se smee.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *