Почетна Вести Христијанство Целосно реконструиран покривот на „Света Богородица Захумска” на Охридското Езеро
Целосно реконструиран покривот на „Света Богородица Захумска” на Охридското Езеро

Целосно реконструиран покривот на „Света Богородица Захумска” на Охридското Езеро

184
0

Во рамки на активностите за конзервација на црквата „Света Богородица Захумска” заокружени се градежните зафати за реставрација на куполата и кровните покривачи на манастирот што датира од 1361 година.

Спроведените зафати гарантираат заштита на објектот од атмосферските влијанија, како и појава на влага во самата црква што е деструктивно за архитектурата и фрескоживописот.

Од охридскиот „Завод и Музеј” најавуваат активности за статично зајакнување на црквата со што ќе се заокружат зафатите за целосна заштита на средновековниот објект од голема историска вредност.

Проектот за заштита на црквата е финансиран од Министерството за култура, а се изведува под раководство на Ристо Петковски, советник конзерватор од НУ „Завод и Музеј Штип” и под стручен надзор на „Тања Паскали” советник конзерватор.

Црквата „Света Богородица Захумска” попозната кај месното население како Заум се наоѓа на самиот брег на едно од најубавите места на источното крајбрежје на Охридското Езеро, на потегот меѓу селата Трпејца и Љубаништа.

Извонредната бистрина и убавина на самото место и водите на езерото чија најдлабока точка се наоѓа во близината е привлечна за многу туристи кои со чамци и кајчиња го посетуваат манастирот. За мистичноста на локацијата дополнително придонесува тоа што пристапот по копнен пат е речиси невозможен.

Од неодамна покрај активностите за заштита на црквата почна во комплексот е возобновен и конак врз остатоци од темели што постоеја крај црквата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *