
44
0
Љубе Шопов денеска го фати крстот во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица. Шопов беше најбрз меѓу 20-те граѓани кои скокнаа во водата.
– Повеќе пати досега скокав по крстот, но годинава успеав да го фатам. Голема е радоста. Им посакувам здравје и среќа на сите, рече Шопов.
Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите.
Празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија со свечена Богојавленска литургија.
/МИА