Почетна Вести Левица заговара тоталитаризам, по принципот на комунистите ќе одзема имот на верските заедници
Левица заговара тоталитаризам, по принципот на комунистите ќе одзема имот на верските заедници

Левица заговара тоталитаризам, по принципот на комунистите ќе одзема имот на верските заедници

353
0

Најмладиот политички субјект во државата со брзорастечки рејтинг, Левица има политичка програма која се коси со основните човекови права и слободи, дефинирани во светските конвенции. Станува збор за правото на слободна вероисповест и верско организирање. Имено партијата во својата програма има впишано одредби кои се косат и со демократските права и слободи, како што е неприкосновеното право на имот и сопственопст.

Левица заговара национализација и одземање на имотот на верските заедници, забрана за располагање со имот и оданочување како правни субјекти.

Овој дел од својата програма Левица го сподели на Фејсбук страницата, како дел од нивната партиска реакција за одлука на Владата за финансиска поддршка на ИВЗ.

-Во време на глобална пандемија со чие справување Македонија го има еден од најлошите биланси во светот, како во однос на заболеноста, така и во однос на смртноста; кога здравството колабира заедно со здравствените работници и кога Владата целосно потфрли со имунизацијата на населението; во момент на длабока економска криза, енормен пораст на јавниот долг на државата и состојба во која Владата, за да ја пополни енормната дупка во буџетот планира отуѓување и распродажба на државно земјоделско земјиште, при една ваква реалност од која секојдневно страдаат работниците и нивите блиски, Владата, предводена од СДСМ, одлучува да ја финансира Исламската верска заедница и тоа со префрлање на милионски суми директно од буџетот на РМ!? Со ваквиот акт на Владата, односно, со финансирањето на ИВЗ од буџетот, не само што е нарушен принципот на секуларизам, туку е изврешен и класичен политички поткуп и легислативно нашминкана корупција.вНавистина не е јасно и не може да се најде никакво друго оправдување за ваквата дарежливост на Власта кон ИВЗ, освен можеби дека ова е еден вид компензација и исплата на услугите кои ИВЗ ги понуди на владејачката партија за време на нивната кампања од минатите претседателски избори на кои победи токму кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, стои во реакцијата на Левица.

Ваквите програмски се карактеристични за тоталитаристичките режими во кои религијата се третираше како општествено зло, а верските претставници беа затварани,а  во некои држави и убивани.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *