Сега откако заврши употребната вредност на ПОА, таму некаде по 24 мај оваа година, веројатно тамошниот клир има доста слободно време па го користи за анализирање на текстовите објавени на религија.мк. Тоа ме радува и тоа е добро.
Па еве решив и јас да им посветам две три реченици како одговор на соопштението.
Прво, и врапчињата знаат, а знаат и владиците на ПОА, особено оние на СПЦ, дека постоењето двајца Архиепископи на една јуриздикциска територија, постоењето на две паралелни цркви на една јуриздикциска територија, не е техничко, ами суштинско прашање. Суштинско канонско прашање.
Второ. И врапчињата знаат дека со издавањето Акт за согласност за автокефалност и со признавањето на јуризидикцијата на МПЦ-ОА на територијата на Македонија, заврши употребната вредност и правното постоење на ПОА на територијата на Македонија. Кој е правниот акт врз основа на кој ПОА денеска функционира во Македонија?
Трето. И врапчињата знаат, а особено владиците на ПОА знаат, дека решавањето на тоа суштинско прашање, или како велат техничко, ги потврдува сите мои анализи во изминативе 20 години дека ПОА беше намески проект кој создаде проблем, а не решение.
И да… и врапчињата знаат дека ако некој не сака целосно решение на проблемот, тоа е токму ПОА. Но, овде клучното прашање е зошто МПЦ-ОА тоа се уште го толерира?
П.С. Спокојно… кога ќе се реши тоа „техничко“ прашање, многу почесто ќе се читаме на Религија.мк… И за добри, но и за критични работи… изборот какви ќе бидат вестите, е на тие што ќе ги прават утре во редовите на МПЦ-ОА. Јас најискрено Ви посакувам Добредојдовте назад…
/Марјан Николовски
Како православен верник кој живее на територијата на државата која денес официјално се нарекува Северна Македонија, лично сметам и сум искуствено уверен во тоа дека ПОА, од нејзиното оснивање во суштина одработи клучна работа за враќањето на МПЦ – ОА во канонско единство со Православната Црква. Имено, ако господинот уредник на овој портал е искрено заинтересиран за црковните прашања во државава тогаш треба еднаш да сфати дека целиот макотрпен труд кој ПОА го вложи во обнова на единството на нашата помесна црква со Духот на Црквата всушност на крајот беше подарен на МПЦ-ОА која благодарно го прими дарот и во јавноста ги понесе сите заслуги кои оттаму произлегоа. Затоа многумина не успеаја да разберат како тоа МПЦ-ОА преку ноќ се врати во канонското единство и исто така, буквално преку ноќ доби статус на кандидат за автокефалија од својата мајка црква! Па затоа господине како православен христијанин треба да покажете барем малку почит кон делото на ПОА и нејзиниот исповеднички и свет клир кој отсекогаш одработуваше за интересите на црквата од која и потекнуваше!
P.S. Не вие, туку учебниците по православна теологија ќе го објаснуваат македонското црковно чудо што, благодарение на Бога го видовме годинава. И наместо да користите погрешни метафори во насловите, создавајќи свесно или несвесно, не знам душепогубни заблуди кај луѓето, ви предлагам да размислите за метафората на лебот и квасецот во однос 1/100.
Kaj gi najde ovie izrazi-vrača kuči, života ti. Red e da pokažeš elementarna pismenost koga se većem zanima aš so javan nastao.