Крушево во чест на свети Климент: Моштите на патронот во свечена литија

Date:

Share post:

Со свечена литија со моштите на свети Климент Охридски, Крушево в недела ќе го одбележи споменот на патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

На 9 август 2026 година, во 17 часот, во храмот „Свети Никола“ во Крушево ќе биде отслужена Вечерна богослужба, по што низ улиците на градот ќе се одржи свечена литија со моштите на свети Климент Охридски и мошти на други светители.

Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“, ќе се движи по главната улица во Крушево и повторно ќе заврши пред храмот.

Со литијата ќе чиноначалствува епископот Дремвитски Давид, во сослужение со митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован и бројно свештенство.

Од Архиерејското намесништво ги повикуваат верниците да присуствуваат на богослужбата и литијата и да се поклонат пред моштите на свети Климент Охридски, кого Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува како свој патрон.

Ова ќе биде едно од ретките јавни црковни чествувања во Крушево на кое моштите на свети Климент ќе бидат изнесени во литија низ градот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img