Почетна Политичка теологија Кои се државите во кои религијата со закони е кршење на човековите права?
Кои се државите во кои религијата со закони е кршење на човековите права?

Кои се државите во кои религијата со закони е кршење на човековите права?

223
0

Египет, Индија, Пакистан, Нигерија и Русија се на врвот држави во светот кои имаа највисоки нивоа на ограничувања на религијата во целина кога ќе се земаат предвид владините ограничувања и социјалните непријателства, покажува истражувањето на светскиот центар за истражувањ „Пју ресрч“. Интересно е да се потенцира дека во сите овие држави живее три четвртини од светската популација.

Во рамките на оваа група, Кина, Египет, Русија, Иран и Индонезија имаа највисоки нивоа на владини ограничувања, додека Индија, Нигерија, Пакистан, Бангладеш и Египет имаа највисоки нивоа на социјални непријателства.

Истражувањето покжува дека владините ограничувања, како што е мешањето во богослужбата, се на рекордно високо ниво во оваа студијата. Глобалната средна оценка на Индексот на владини ограничувања (GRI) е  на 2,9 во 2019 година, што е највисоко ниво постигнато откако Центарот„Пју Ресрч“ почна да ги следи овие трендови во 2007 година.

Во меѓувреме, бројот на земји со „високи“ или „многу високи“ нивоа на владини ограничувања се зголеми од 56 во 2018 година на 57 (29% од сите анализирани земји) во 2019 година. Севкупно, владите во 180 земји ги малтретирале верските групи на некој начин во 2019 година – на пример, со приведување поединци поради практикување на нивната вера – и 163 влади се мешале во богослужбата.

Истражувањето покажува дека како и претходните години, христијаните и муслиманите – најголемите и најраспространетите верски групи во светот – доживеале малтретирање во повеќе земји отколку другите верски групи во 2019 година (153 и 147 земји, соодветно).

Во меѓувреме, Евреите се соочиле со малтретирање во 89 земји.

Глобалната студија за ограничување на религијата во светот анализирал 198 земји и територии и се заснова на политики и настани во 2019 година, најновата година за која се достапни податоци.

Социјалните непријателства може да варираат од вознемирување поради верскиот идентитет на една личност до насилство поврзано со религијата, секташки конфликти и тероризам. Владините ограничувања вклучуваат закони, политики и официјални дејствија што ги повредуваат верските убедувања и практики на групи или поединци во една земја.

Според анализата тероризмот поврзан со религијата опаднал петта година по ред, со што бројот на земји кои се соочуваат со вакви настани е на рекордно ниско ниво за студијата. Во 2019 година, 49 земји имале тероризам поврзан со религија, што е намалување од 64 земји во 2018 година и значителен пад од врвот од 82 земји во 2014 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *