Почетна Вести Регион Дачиќ на средба со грчкиот Архиепископ – ние сме браќа
Дачиќ на средба со грчкиот Архиепископ  –  ние сме браќа

Дачиќ на средба со грчкиот Архиепископ – ние сме браќа

249
3

Архиепископот Атински и на цела Грција, г. Јеронимос, имал средба со претседателот на Народното собрание на Србија, Ивица Дачиќ.

Како што пишуваат грчките медиуми, Архиепископот се осврнал на заедничките елементи на двете земји, нагласувајќи дека православната вера ги обединува, потенцирајќи ја добрата соработка што постои на сите нивоа на двете страни.

Дачиќ зборувал за силните односи меѓу двата народа.

-Се чувствуваме како дома, бидејќи Грците ги сметаме за наши браќа, истакнал Дачиќ, потенцирајќи дека на грчката територија има два свети споменици за Србите, едниот е манастирот Хиландари на Света Гора, а вториот е Крф, каде што е местото каде што биле закопани илјадници српски војници за време на Првата светска војна.

-Претседателот зборуваше за проблемите што постојат денес и за прашањата што ги засегаат, како што е прашањето за Косово, при што јасно стави до знаење дека српскиот народ го поддржува грчкиот и тоа го прави уште од времето на Отоманската империја, нагласувајќи дека „ можете да сметате на Србите како вистински пријатели“, пренесуваат грчките медиуми.

Коментар(3)

  1. Abe Srbite si se braca so Grcite, Rusite, najposle I so Kinezite, a nie nema sto da im ljubomorime i zaviduvame. Nie si imame nasi braca-Bugari, Arnauti, Siptari I ovie(ne znam kaj se naodjaat) , a se vikaat HUNZI. Mislam deka se pronajdeni nekade na Himai. A pardon i Anticki te Makedonci.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *