Како заврши монахот што го запали портретот на Ленин?

Date:

Share post:

Не може да се обожува земен човек. Не треба да велиме ‘Слава на Ленин!’, туку ‘Слава Тебе, Боже, слава Тебе’.“

Пишува: Архимандрит Никанор (Фејсбук статус)

На 1 мај 1965 година, за време на првомајската демонстрација во Тбилиси, старецот Гавриил Ургебадзе запалува огромен 12-метарски портрет на Владимир Илич Ленин, закачен на зградата на Врховниот суд на Грузиската ССР.

Поради тоа бил претепан од разјарената толпа, а потоа одведен во притворот на КГБ. За време на испрашувањата тој изјавил: „Причината (за моето дејство) е тоа што треба да му се поклонуваме на распнатиот Христос, а не на Ленин. Не може да се обожува земен човек. Не треба да велиме ‘Слава на Ленин!’, туку ‘Слава Тебе, Боже, слава Тебе’.“

Потоа Врховниот суд на Грузиската ССР го испратил уапсениот духовник во психијатриска болница на медицинско вештачење. Таму останал до 12 октомври 1965 година. Бил отпуштен со следната дијагноза: „Психопатска личност, склона кон психотични состојби слични на шизофренија, мрмори неразбирливо со тивок глас; верува во постоењето на небесни сили, Бог и ангели. Главната тема на неговите разговори е дека светот е создаден по Божјата благодат. Во одделението се однесува изолирано; ако некој започне разговор со него, тој неизбежно зборува за Бог, ангели и икони.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here