Црква од општина на грчкиот остров Крит веќе покрена иницијатива за вакцинација во рамките на соборниот храм и во соработка со локалните власти и болницата. Се почна од Храмот Св.Николај Арханон, Ираклио, Крит, а на иницијатива на Отец Андреј Каљодѕакис. Неговото искуство тој го раскажува за грчките медиуми.
-Тоа е мојата цел. Да испратам една порака дека Црквата се интересира за човекот, душевно и телесно. Христос рече да си го штитиме здравјето бидејќи телото е храм Божји. Значи имаме должност да му помогнеме на човекот и телесно и духовно. Го имав замислено од порано, им го предложив тука во општината, ми рекоа дека е тешко, бидејќи се потребни дипломи и други работи. И имавме една средба со г.Ѕанаки, професор по пневматологија на Критскиот Универзитет дека тој се нафаќа да го оствариме тоа. И со помош на г.Ѕанаки го остваривме.
Некои ги имаат измешано науката со религијата. Тоа е чисто научна тема, не е теолошка. Велат божем ни ставаат чипови и други глупости. Тоа нема никаква врска со Црквата.
Црката е секогаш близу до човекот, и во радостите и во тагите, и во гладот и во болеста – да му олесни, да го успокои, Црквата е секогаш близу до човекот, вели тој.
Отец андреј ја остави проповедта и премина кон пракса. Отакако се обиде од амвонот да ја убеди својата патства да се вакцинира, сега ги носи епруветите во дворот пред храмот на Св.Николај во Арханите на Ираклио
-Си помислив, можеби ќе се уверат некои неверни, коишто некако се плашат дека ќе им стават чип, или дека вакцините се од ембриони на бебиња, ми ѕвонат и ми ги кажуваат тие работи. Затоа сакам да испратам една порака, за да се убедат сите дека треба да си го заштитиме здравјето, потенцира.
Смртта на 5 негови соселани беше поводот за давањето на вакцините
-Не можеш да не се повредиш гледајќи петмина да заминуваат од овој живот од таа болест, кои се измачуваа долго време. Веќе зборувавме и имаме една задоволителна бројка, вели Отецот.
Имало и такви кои му праќале заканувачки пораки на свештеникот
-Денеска имам примено многу пораки. Од кои? – Од оние што одбиваат. Ми пишуваат на Facebook такви зборови што се срамам и да ги читам, изјавува тој.
Отец Андреј се среќавал и со други свештеници низ Грција, убедувајќи ги да го следат примерот.

