Почетна Вера МПЦ-ОА Јаков Стобиски ќе биде првиот македонски Владика кој ќе патува по Благодетниот оган во Ерусалим
Јаков Стобиски ќе биде првиот македонски Владика кој ќе патува по Благодетниот оган во Ерусалим

Јаков Стобиски ќе биде првиот македонски Владика кој ќе патува по Благодетниот оган во Ерусалим

519
0

Епископот Стобиски Јаков е владиката кој заедно со бугарската црковна делегација утре ќе оди во Ерусалим на церемонијата на појавувањето на Благодатниот оган.

Ова е прв случај еден епископ на Македонската православна црква-Охридска архиепископија да присуствува на настанот. Епископот Јаков ќе биде дел од црковната делегација на Бугарската црква, предводена од митрополит Кипријан кој ќе го презеде Благодатниот оган, а потоа ќе и го предаде на МПЦ-ОА.

Се ќе се случува на Велика Сабота на пладне во ерусалимскиот Стар Град. Секоја година присуствуваат десетици илјади христијани од целиот свет.

Решението за македонски епископ да биде дел од бугарската делегација беше донесена на почетокот на месецов по средба помеѓу митрополитот Кипријан и бугарскиот премиерот Борисов, а на барање на МПЦ-ОА

Минатата година, прв пат преку Бугарската црква благодатниот оган, официјално дојде во Македонија, но тогаш владика од МПЦ го презеде од аеродромот во Софија.

Инаку со години претходно, Благодатниот оган во Македонија го носеа монаси од Бигорски преку Грчката црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *