Бугарскиот патријарх: Ќе ја разгледаме можноста за посета на Македонија
537
0
Бугарскиот патријарх Неофит најави можност за негова прва посета на Македонија и на Македонската Православна Црква – ОА. Ова на Велики петок 2019 година го потврдил Неофит во изјава за бугарската агенција БГнес, одговарајќи на новинарско прашање, дали е разгледувана опцијата за посета на Македонија.
-Засега не е разгледувано тоа прашање, но ќе биде разгледувано. Тогаш ќе биде одлучено како тоа ќе се одрази и како да се реализира, изјавил во Софија бугарскиот патријарх Неофит.