Почетна Вести Регион Извадени моштите на Старец Јосиф Ватопедски
Извадени моштите на Старец Јосиф Ватопедски

Извадени моштите на Старец Јосиф Ватопедски

456
0

12 години по смрта вчера на 20 октомври 2021 година беа откопани моштите на Јосиф Ватопедски, едно од најголемите монашки имиња, старец и игумен на ватопедското братство и нов ктитор на манастирот Ватопед.

На откопувањето на моштите присуствуваа повеќе митрополити и духовници на Грчката православна црква, како и голем дел од атонското монаштво, кое го имаше исполнето дворот на манастирот Ватопед.

Попладнето беше отслужена Вечерна богослужба, после која архиереите, игумените и другите отци, во поворка се упатија кон гробот на блажениот Старец, каде што беше извршено Последование за откопување на мошти.

Потоа, во придружба на умилното пеење на браќата од манастирот, гробот на блажениот Старец беше откопан и моштите многу внимателно извадени од гробот, поставени во наменски сад, за да се изврши стандардното миење со вино.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *