Почетна Вести Европа Иларион Алфеев по смената – патот направи остар завој и јас испаднав од него
Иларион Алфеев по смената – патот направи остар завој и јас испаднав од него

Иларион Алфеев по смената – патот направи остар завој и јас испаднав од него

1.00K
0

Поранешниот шеф на руската црковна дипломатија, Иларион Алфеев на Педесетница ја отслужи последната литургија во Москва, пред да замине за Будимпешта, каде беше прекомандуван по налог на Синодот на РПЦ-МП.

По литургијата, Алфеев зборуваше и за оваа одлука,посчувајќи дека ниту тој нема јасни одговори зошто тоа се случува.

-Многумина ме прашуваат зошто? Како?.. Сега нема да навлегувам во детали. Всушност, и јас самиот не знам многу детали. Ми беше кажано дека оваа одлука не се должи на никакви недостатоци во работата на Одделот за надворешни црковни односи или на Сецрковната постдипломска школа, или во овој свет храм, или во другите црковни институции со кои раководев. Само беше кажано дека тоа е неопходно од денешната општествено-политичка состојба. Може да сметате дека патот направи многу остар завој, јас не се вклопив во него и се најдов надвор од патот. Но, тоа е подобро отколку да влезам во каналот, мојот автомобил да се преврти и да експлодира, изјавил Алфеев.

Животот продолжува, вели рускиот архиереј, посочувајќи дека не треба да се драматизираат овие настани бидејќи во животот на секој светенослужител може да има успони и падови,

-Јас никогаш не сум барал високи назначувања, ниту членство во синодот, ниту привилегии и нема да жалам за тоа што сум лишен од нив. Ќе ви кажамчесно. Единствениот извор на тага во моментов за мене е тоа што се разделувам од вас. Сепак се надевам дека нема да се разделиме за секогаш, туку само времено, изјавил Алфеев.

Иларион Алфеев на 7 јуни беше експресно разрешен од сите функции што ги имаше во Руската црква, како најблизок соработник на Патријархот Кирил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *