Почетна Вести Христијанство Грчките медиуми ѝ посветија внимание на посетата на отец Партениј кај Вселенскиот патријарх
Грчките медиуми ѝ посветија внимание на посетата на отец Партениј кај Вселенскиот патријарх

Грчките медиуми ѝ посветија внимание на посетата на отец Партениј кај Вселенскиот патријарх

512
0

Посетата на епископот Антаниски и игумен на Бигорскиот манастир г. Партениј во придружба на монаси и монахињи и приемот кај вселенскиот патријарх Вартоломеј е голем чекор на Фанар за решавање на црковното прашање и признавање на МПЦ-ОА, објави грчкиот православен сајт „Ромфеа.гр“, а потоа пренесоа повеќе грчки медиуми.

„Ромфеа.гр“ потсетува и дека приемот на епископот Партениј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј доаѓа неколку дена по посетата на Атина каде што присуствуваше на вечерна служба и на Божествена литургија во црквата „Свети Пантелејмон“, најголемиот храм во грчката престолнина, како и на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика, со благослов на архиепископот на Атина и на цела Грција, г.г. Јероним.
– Приемот на епископот Партениј се одржа во патријаршиската црква „Свети Георги“, во присуство на митрополитот Халкидонски г. Емануил. Треба да се спомене дека ова е првпат владиката на таканаречената „македонска црква“ во придружба на монашко братство и сестринства, да биде официјално примен од страна на Вселенскиот патријарх – наведува „Ромфеа.гр“.

Епископот Антаниски г. Партениј со монаси и монахињи од четирите манастири Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино, кои се под негово духовно раководство, во средата беа примени од вселенскиот патријарх Вартоломеј во Фанар, седиштето на Цариградската патријаршија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *