Грчки владика го повика Ердоган да се покрсти, а за кум да го земе Путин

Date:

Share post:

Еден од најконтроверзните грчки митрополити г. Серафим повторно ја разбранува јавноста.  Овој пат, напишал дури на 37 страници писмо и го испратил до турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Но, како по обичај Серафим мора да привлече вниманието, а тоа го направи сто тоа што во писмото го повикува Ердоган да се покрсти, а кум на крштевката да му биде рускиот претседател Владимир Путин.

Писмото Серафим го напишал и испратил во деновите на Страсната седмица и тоа на специфичниот старогрчки јазик што тој го користи. Во него тој го советува Ергодан да се откаже да исламската вера, и да прими крштение во Вселенската Патријаршија.

Писмото е своевидна  анализа на кризата на Блискиот Исток, за која митрополитот посочува дека добрите односи меѓу Турција и Русија се „мошне важни“, и дека токму поради руската поддршка Турција може рамноправно да разговара со САД и ЕУ.

-Во случај Турција да не успее да се приклучи во ЕУ, Ердоган сигурно има разработен „план Б“ за возобновување на древната слава на Отоманското царство во што голема улога ќе има и поништувањето на „секуларноста наметната од Ататурк“. Но, при напуштањето на секуларноста, православието – а не исламот – треба да одигра консолидирачка улога. „Ако сакате да се спасите себеси и Вашето семејство, треба да примите православно христијанство, единствената вистинска вера. Ви предлагаме и советуваме пред крајот на Вашиот овоземен живот да пристапите во прегратките на Православната Црква. Во спротивно, за жал, Вие, Вашето семејство и Вашиот народ ќе се најдете на место на страдање, вечен и бесконечен пекол“, пишува меѓу другото во писмото.

Но, Серафим не застанува овде. Напротив го повикува Ердоган да се покае, да плаче, да се смири и да поверува во Христа, и тврди дека Бог Троица ќе го прифати. Во случај претседателот на Турција да го послуша советот од митрополитот, тој вели дека православните на земјата и небесата ќе се радуват, па дури и ангелите на небесата, штом тој ја најде правата вера.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img