Почетна Вести Европа Германски медиуми: Меркел ќе попушти и нема да воведе строг каратнтин за време на Велигден
Германски медиуми: Меркел ќе попушти и нема да воведе строг каратнтин за време на Велигден

Германски медиуми: Меркел ќе попушти и нема да воведе строг каратнтин за време на Велигден

136
0

Германската канцеларката Ангела Меркел одлучи да се повлече од планот за строго „затворање” на земјата за време на Велигден откако наиде на огромни критики во јавноста, но и од редовите на нејзината партија, известуваат повеќе германски медиуми.

По вчерешната средба со гувернерите на германските покраини, Меркел соопшти дека се откажува од „локдаун” за време на велигденските празници, што предвидуваше затворање на сите бизниси во времетраење од пет дена, посочуваат медиумите.

Германската новинска ДПА информира за одлуката донесена од учесниците на вчерешниот состанок, но потенцира дека пресвртот не е официјално потврден.

– Ја преземам целосната одговорност за оваа погрешна проценка, рекла Меркел пред државните лидери, според весникот „Билд”. – Според моето долгогодишно искуство, научив дека ако се обидеш да одиш со глава во ѕид, тогаш уидот победил, рекла Меркел.

Наскоро се очекува на прес конференција Меркел да потврди дека се откажува строг „локдаун” за време на Велигден.

Претходно беше соопштено дека поради новата варијанта на коронавирусот во Германија, која е посмртоносна и позаразна од претходните, во текот на пет дена, почнувајќи од 1 април, од германското население ќе се бара да остане во своите домови и да ги намали контактите, при што верските служби се откажани, големите семејни собири се забранети, а продавниците се затворени, освен продавниците за храна.

Предводниците на германската католичка и протестантска црква изразија гнев поради забраната за велигденски црковни богослужби, тврдејќи дека нивните постојни мерки за физичко дистанцирање го прават присуството во црквите – безбедно.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *