ГАЛЕРИЈА: Традиционално бдеење на Водокрст во Бигорски

Date:

Share post:

Голем број верници беа присутни на традиционалното бдение во Бигорски на Водокрст. Тоа е настан на кој посебна убавина му даваат кумовите на крстот од околните мијачки села. Настанот секоја година добива сè поголема, традиција.

Монасите од „Бигорскиот Манастир“ велат дека верни на своето најсвето предание наследено од нивните предци, овие Христијани не пропуштаат да ја поминат оваа ноќ во тивка молитва и благодарење заедно со монашкото братство и другите верници и накрај да ги земат своите крстови осветени од светата богојавленска вода и преку нив да го пренесат благословението Јорданово и благодатта од Троичното Богојавление во своите домови.

-Неслучајно нашиот возљубен Старец, Архимандрит Партениј, вдахновен од духовната длабочина на овој древен рекански обичај, но и напоен од изобилната Богојавленска благодат, ја истакна верата во Светата Троица како извор на вистинско осветување, велат од Бигорски.

Погледнете ја галеријата.

Фото: Бигорски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img