Г.Г. СТЕФАН: Да го чуваме единството

Date:

Share post:

Да се прашаме како и колку го чуваме македонското единство и во црквата и во државата- поглаварот Стефан на осветувањето на новиот православен храм „Свети Кирил и Методиј“- во Велес рече дека секој период бара одговорност од секого, и пред бога и пред народниот суд. Порача- да нема омраза и нетрпеливост, крајно време е да се помириме како народ…

Осветувањето на храмот посветен на Светите Кирил и Методиј во Велес е благодарност кон бога за 50 годишнината од возобновувањето на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква- рече во своето послание архиепископот Г.Г. Стефан.

Треба да правиме добро на сите народи, но најпрвин на својот- рече македонскиот архиепископ кој повика да се чува единството на народот и државата.

Архиепископот осврнувајќи се на актуелните состојби повика да нема непријателства против никого. Крајно време е да се помириме како народ рече Г.Г. Стефан.

Велелепната Соборна црква во Велес е градена во византиски стил, со 5 кубиња, 6 куполи и има камбанарија со 13 ѕвона. Изградена е од камен и може да прими над 500 верници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img