Вонреден Синод на Грчката православна архиепископија во Австралија – заседава до 27 ноември

Date:

Share post:

Светиот епархиски синод на Грчката православна архиепископија во Австралија од денеска, 24 ноември, до 27 ноември ќе одржува вонредна седница во Сиднеј, под претседателство на архиепископот Макариј Австралиски.

Според соопштението на Главниот секретаријат на Синодот, на четиридневното заседание ќе се разгледуваат прашања поврзани со севкупниот живот на Архиепископијата, нејзината пастирска дејност и редовното функционирање на црковните структури.

На дневниот ред е и прашањето за развојот на грчкото образование и зачувувањето и унапредувањето на грчкиот јазик во Австралија.

Од Архиепископијата засега не објавуваат конкретни детали за сите точки на дневниот ред, ниту за можните кадровски или административни одлуки. Најавено е дека верниците ќе бидат информирани за заклучоците и одлуките преку официјални соопштенија во текот и по завршувањето на заседанието.

Синодот се одржува во период кога Грчката православна архиепископија во Австралија се соочува и со прашања поврзани со положбата на грчкото образование и работата на училиштата на грчки јазик, тема за која архиепископот Макариј во изминатиот период имаше средби со австралиските политички претставници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img