Во очекување на традиционалното обраќањето за Христовото воскресение, Папата Франциск беше во ноќната поворка околу Колосеумот, во Рим.
Папата укажа на срамните дела на човештвото.
Смртта на мигрантите, војните и скандалите во католичката црква се срамни дела на човештвото кои Исус треба да ги прости, рече тој.
Ги осуди секојдневното крвопролевање на невини деца, жени и прогонети луѓе, како и себичноста и алчноста. Говорејќи за неодамнешните скандали во Ватикан, поглаварот побара прошка за сите свештеници кои не ги исполниле своите задачи.

