Почетна Репортажа ФОТОРЕПОРТАЖА: Знаете ли како изгледаше Бигорскиот мансатир пред доаѓањето на Отец Партениј за игумен?
BIGORSKI STARI 4
BIGORSKI STARI 7
BIGORSKI STARI 16
BIGORSKI STARI 17
BIGORSKI STARI 5
BIGORSKI STARI 20
BIGORSKI STARI 23
BIGORSKI STARI 21
BIGORSKI STARI 22
BIGORSKI STARI 19
BIGORSKI STARI 18
BIGORSKI STARI 15
BIGORSKI STARI 14
BIGORSKI STARI 13
BIGORSKI STARI 10
BIGORSKI STARI 9
BIGORSKI STARI 12
BIGORSKI STARI 11
BIGORSKI STARI 8
BIGORSKI STARI 6
BIGORSKI STARI 3
BIGORSKI STARI 2
BIGORSKI STARI 1

ФОТОРЕПОРТАЖА: Знаете ли како изгледаше Бигорскиот мансатир пред доаѓањето на Отец Партениј за игумен?

981
0

Епископот Антаниски, г. Партениј вчера го одбележа својот именден и воедно одбележа 27 години живот посветен на Црквата, но и на Бигорскиот манастир.

Отец Партениј, од Света Гора се враќа како Рософор (искушеник) и во 1995 година е замонашен од Дебарско-Кичевскиот митрополит Тимотеј во Бигорскиот манастир. Оттогаш до денес Бигорски е негов дом.

Бигорскиот манастир е еден од најзначајните монашки заедници денес. Отец Партениј, заедно со уште неколку монаси, денес владици ги градат монашките заедници и ги возобнувуваат манастирите. Меѓу нив се Владиката Наум во Струмица, Отец Климент во Зрзе, Отец Иларион во Лесново, сите тие манастори денес се светлината на иднината на МПЦ.

Бигорски денеска изглеа велелепно, и илјадници поклоници од државата и од странство го посетуваат, но малкумина знаат како Бигорскиот манстир изглдаше пред доаѓањето на денешниот игумен и пред оформувањето на монашкото братство.

Отец Партениј е првиот Игумен на овој манстир по 1948 година. А од таа година до 1995 година, Бигорски повеќе личи на штала за кози, отколку манастир за монаси.

Има една анегдота, можеби е вистина… Отец Партениј и дел од искушениците првата ноќ кога останале во манастирот практично и не спиеле, а следните денови прво што набавиле биле стапови за да ги бркаат глувците во ноќта.

Манастирот бил сосема запустен, а во него немало ни основни услови за живот. И од старата библиотека не останало речиси ништо, а старата манастирска архива била целосно разнесена во претходниот период. Дел од неа се наоѓа во архивот во Скопје.

Религија мк, Ви претставува фотографии од овие историски денови. Како изгледаше Бигорскиот манатиср пред возобновувањето на неговиот монашки живот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *