ФОТО: Семакедонски собор за сите македонски светители во Велес

Date:

Share post:

Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска го чествуваше празникот на Сите Македонски Светители. Литургијата во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес ја служеше Архиепископот Охридски и Македонски Стефан. Му сослужуваа митрополитот Повардарски Агатангел, митрополитот Европски Пимен, митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф, митрополитот Кумановско-осоговски Григориј, митрополитот Дебарко-кичевски Герогиј и бројно свештенство.

-Во преполниот храм во Велес имаше верници од цела Македонија, а меѓу присутните беа и Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, пратениците во македонското Собрание од Велес, Игор Здравковски и Александар Јамалов, Директорката на Комисијата за верските заедници, Оливера Трајковска, како и бројни претставници на институциите од градот Велес, велат од Повардарската епархија.

Семакедонскиот црковно-народен собор, почнувајќи од 1998 година, веќе дваесет и седум години по ред се одржува во првата недела од месец октомври.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img