Приватни сопственици и организација поврзана со Бугарска православна црква имаат инвестициски намери да урнат три згради на симболичната улица „Цар Шишман“ во строгиот центар на Софија и на нивно место да изградат нови станбени објекти, објави бугарскиот портал hristianstvo.bg.
Веста во бугарската јавност ја објавил блогер. Посочувајчи дека постои намера за уривање на три куќи на ул. „Цар Шишман“, меѓу улиците „Иван Вазов“ и „Славјанска“, и нивно заменување со нови згради. Според информациите на блогерот, барањето било поднесено кон крајот на март. Тој објави и копија од документот, од кој се гледа дека сопственици на имотите се две физички лица, компанијата Санара Прима ДОО и религиската организација поврзана со катедралниот храм Свети Александар Невски. Предвидено е на местото на сегашните двокатни објекти да бидат изградени четири- и петкатни згради
Од општината појаснуваат дека поднесено барање за измена на ДУП не значи автоматско одобрување и дека постапката може да трае со години. Се очекува и официјален став од администрацијата.
Случајот е чувствителен и поради статусот на подрачјето. Иако зградите не се поединечни споменици на културата, тие се наоѓаат во рамки на групен споменик на културата „Станбена зона ‘Центар’ Ж-2, II дел“.
Сепак, архитекти коментираат дека евентуално одобрување на вакво уривање тешко би можело да се случи брзо, бидејќи постапката бара согласност од повеќе институции.

