Верски календар: 12 мај
ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА/ Јом Хаацмаут—Ден на независноста на Израел
Јомаацмаут (יום העצמאות) е денот на независноста на Израел. Чествувањето на овој ден од страна на Евреите во и надвор од Израел е широко рапострането, секуларната прослава (воени паради и скари) се разликува малку од религиозната прослава (рецитирање на халел и некои понови богослужби).
Иако независноста на израел била прогласена во петок, главниот рабинат долго време ја согледувал можноста чествувањата на Јом аацмаут (и Јом азикарон) да доведат до нарушување на шабатните забрани. За да се спречи ова нарушување датумите за Јом азикарон и Јом аацмаут се менуваат на следниов начин:
Ако 4–5 ијар се недела-понеделник, чествувањата се одложени за понеделник-вторник, 5–6 ијар.
Ако 4–5 ијар се вторник-среда, чествувањата не се одложуваат.
Ако 4–5 ијар се четврток-петок, чествувањата се во среда-четврток, 3–4 ијар.
Ако 4–5 ијар се петок-шабат, чествувањата се во среда-четврток, 2–3 ијар.

