Ерусалимскиот патријарх Теофил III, и Кардиналот Пјербатиста Пицабала, Латински Патријарх во Ерусалим, ја посетиле Газа.
Посетата ја изразува пастирската одговорност на Ерусалимските Цркви кон локалните црковни заедници и кон целокупното население на Газа, каде што семејствата и понатаму поднесуваат тешки искушенија на хуманитарен план, живеејќи во страв, загуба и неизвесност, соопшти Ерусалимската патријаршија.
Таа потенцира дека присуството на патријархот Ерусалимски Теофил III и на кардиналот Пјербатиста Пицабала ја пренесува молитвата на Ерусалим кон ранетите верници во Газа и кон сите што страдаат, како служение на утеха, милосрдие и постојано христијанско сведоштво, втемелено врз словото на Светото Евангелие и врз светата мисија на Светиот Град.

