Претседателот Реџеп Таип Ердоган соопшти дека празникот Курбан Бајрам за вработените во јавниот сектор е продолжен на девет дена, пишува hurriyet.com.tr, пренесува ДИНА.МК.
Одлуката, донесена по состанокот на претседателскиот кабинет, додава еден и пол ден административно отсуство пред официјалниот празник, кој започнува на 26 мај попладне, со што се создава деветдневен период за одмор. Самиот празник Курбан Бајрам ќе се одбележува од 27 до 30 мај.
За време на своето обраќање, Ердоган најави и проширување на поддршката за млади брачни парови преку Фондот за семејство и млади. Според новата мерка, доколку парот добие второ дете за време на периодот на отплата на заемот, преостанатиот долг ќе биде целосно простен. Претходно, беше воведено простување на 12-месечни рати за првородено дете.
