Епископ на Српската православна црква сослужуваше на Илинденската литургија во Водоча

Date:

Share post:

На празникот Свети пророк Илија – Илинден, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ и „Свети Леонтиј Ерусалимски и Струмички“ во Водоча беше отслужена архиерејска литургија на која сослужуваше и архиереј од Српската православна црква.

На богослужбата чиноначалствуваше епископот западноевропски Јустин од Српската православна црква, заедно со митрополитот струмички Наум и епископот стобиски Јаков. Во сослужението учествуваа и архимандритот Данило, директор на Патријаршиската управна канцеларија на СПЦ, отец Николае Дорнеану од Архиепископијата на Јаш, како и свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Литургијата беше отслужена во присуство на голем број верници, кои се причестија со Светите Христови Тајни.

Присуството и сослужението на епископот Јустин на Илинден во Струмичката епархија претставува уште една потврда на воспоставените литургиски односи меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Српската православна црква, по решавањето на повеќедеценискиот црковен спор во 2022 година. Со ваквите заеднички богослужби продолжува практиката на меѓусебно сослужување на архиереи од двете цркви на поголемите празници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img