Епископот Делќевско-каменчки, Марко, при посетата на Босна и Хрцеоговина имал интервју за Радио Телевизија на Република Српска, во кое зборува за црковни теми и за односите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, по обединувањето на ПОА со МПЦ-ОА.
Во инетрвјуто, новинарот меѓу прашањата го постави и она на што СПЦ изминативе три години става акцент, а тоа дека светилиштата градени од српските владетели се српско културно наследство во Македонија. Епископот Марко, како одговор на тоа направи една паралела со фразата „Солун е наш“.
-Некои порано политички зборуваа дека Солун е наш. Велам дека така не може да се каже, дека на таков начин е наш, како територија. Но, може да се каже дека тие светилишта таму, кои се многубројни, дека се исто толку наши, како што и нашите светилишта може да се рече дека се грчки. А и тие таму грчки светилишта пришаѓаат на нас.. На тој начин да Солун е наш. Не само Солун, и Цариград и Ерусалим. И така на тоа треба да гледаме, јас мислам да не се делиме. Му благодарам на Господ што тие српски владетели ги изградиле тие храмови… и Бог да им даде царство небесно.. и тоа што тие го оставиле како наследство, јас мислам дека не е само на српскиот народ, туку на сите православни народи, вели епископот Марко во инетрвјуто.
Во истото интервју, новинарот направи уште една провокација, зборувајќи за историските блискости на српскиот и македонскиот народ, посочувајќи дека „не постои таа зла крв измеѓу тие два народа.. ако може да се зборува воопшто за два народа„?
-Може да се зборува за два народа. Нормално.. Ние имаме друг јазик. Имаме сопствена култура, кмоја е традиционална и специфична за тој крај. Но блискоста на тие народи е неспорна…, изјави Марко.
Целото интервју погледнете го.

