Двајца американски католички бискупи помогнале во четиридеценсикото прикривање на сексуалните злоупотреби на 50 католички свештеници и религиозни претставници врз стотици деца во американскиот град Филаделфија. Овој најнов скандал го откри извештајот заснован тајни архиви кој содржи докази со кои се посочуваат двајца бискупи дека од средината на 60-тите години на минатиот век до 2011 година биле на чело на епархија во која се случувале овие скандали, која пак има околу 90.000 свештеници.

Двајцата бискупи знаеле за злоупотребите, но наместо да ги спречат тие интервенирале за да и попречат на полицијата и на истрагата во апсењето на свештениците педофили.
-Нивното поведение ги изложило на опасност илјадници деца и на овие „предатори“ им овозможило да злоупотребуваат и други деца, изјавила обвинителката на државата Пенсилванија, чија канцеларија го лиферува извештајот.
Сепак, против двајцата клирици на Црквата, не можат да бидат почнати никакви судски постапки затоа што осомничените свештеници-педофили починале или затоа што нивните жртви се премногу траумизирани за да дават изјави или да сведочат.
Еден од осомничените бискупи починал во 2005 година, а вториот кој го наследил на позицијата, е пензиониран во 2011 година и денеска е на возраст од 80 години.
Лиферуваниот извештај е плод на двегодишна истрага. За тоа време истражителите успеале да дојдат до 115.000 документи, меѓу кои и до белешки во ракопис од еден од бискупите.

Инаку, оваа веста се појави непосредно по добивањето Оскар за филмот „Спотлајт“, кој е темелен на новинарски откритија токму за злоупотребите на свештеници педофили во американскиот град Бостон.
Меѓу 5.700 и 10. 000 католички свештеници во САД беа обвинети за сексуални агресии, но само неколку стотици од нив беа судени и осудени за нивните поведенија.

